Никола Руфони
Никола Руфони (италијански: Nicola Ruffoni; р. 14 декември 1990 во Бреша) — италијански професионален друмски велосипедист, кој моментално е суспендиран поради позитивен допинг-тест.[1] КариераУчествувал на Џиро д’Италија 2014, но не успеал да заврши во рамките на временската граница на единаесеттата етапа.[2] Возел на Џиро д’Италија 2015, но се повлекол на петнаесеттата етапа.[3] Во мај 2017 година, еден ден пред почетокот на Џиро д’Италија 2017, UCI објавиле дека Пираци и колегата од Бардијани-ЦСФ, Стефано Пираци, биле позитивни на хормони за раст во контрола надвор од трките пред еден месец.[4] Подоцна истиот месец, UCI ги поврдила и Б-примероците на обајцата, поради што екипата објавиле дека ги прекинува нивните договори.[5] На 14 декември 2017 година, UCI го суспендирала Руфони на четири години,[1] поради што не може да настапува до мај 2021 година. Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia