Николина Велева

Николина Спасова Велева ( 1926 во Штип — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Од декември 1941 година била член на скоевска воспитна група. Поради покажаната активност во 1943 година била затворена од бугарската полиција и доведена на сослушување во Скопското полициско управление. Меѓутоа, наскоро била ослободена, па во август 1944 година станала борец во Четвртата македонска ударна бригада. Есента 1944 година била повлечена за работа во заднината и избрана за член на Околискиот комитет на СКОЈ за Радовишка околија.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1012–1013.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya