Нирмала Џоши
Нирмала Џоши (позната како Сестра Нирмала; 23 јули 1934 - 23 јуни 2015) — католичка калуѓерка, која ја наследила добитничката на Нобелова награда, Мајка Тереза, во мисионерките на милосрдието и го проширила движењето низ светот.[1][2] Откако го преземала редот, после смртта на Мајка Тереза во 1997 година, Нирмала ја ширела мисијата со отворање на центри во 134 држави, како што се Авганистан, Израел и Тајланд. ЖивотописЖивот и кариераНирмала Џоши, родена Кусум, е родена на 23 јули 1934[3] година во браминска фамилија како најстаро од 10 деца во селото Регми, Непал[4][5][6]. Нејзиниот татко бил офицер во Британско-Идиската Армија, сè до осамојостувањето во 1947 година[6]. Кога имала една година, нејзиниот татко ја донел фамилијата во Индија. Иако семејството било Хинду, таа била образована од Христијански мисионерки на планината Кармел, Хазарибаг. Во тоа време, дознала за работата на Мајка Тереза и посакала да се приклучи на мисијата. Се преобратила во Католицизам и се приклучила на Сестрите на Милосрдието, основани од Мајка Тереза[7]. Џоши е магистер за политички науки и има докторат од Универзитетот од Калкута[4][8]. Таа била една од првите сестри од институтот која водела мисија надвор од земјата кога заминала за Панама. Во 1976 година, Џоши основала гранка од Мисионерките на Милосрдието и останала на чело на истата до 1997 година, кога била избрана за наследник на Мајка Тереза како Генерална Сестра на институтот[8]. Владата на Индија и ја доделува наградата Падма Вибхушан, втората најзначајна цивилна награда на Денот на Републиката (29 јануари) 2009 за нејзините заслуги за нацијата[9][10]. Нејзиното време како Генерална Сестра завршува на 25 март 2009 година, кога ја наследува Сестра Марија Према од Германија[6]. СмртЏоши починува на 23 јуни 2015 година во Калкута после компликации со срцето[11]. Многу познати личности од Индија изразија сочувство на медиумите, вклучувајќи го премиерот Нарендра Моди и одговорниот министер за Западен Бенгал, Мамата Банерџи[12]. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia