Норманска династија
Норманската династија (нормански француски : Maison de Normaund) се однесува на благородничкото семејство кое потекнува од Војводството Нормандија, а чии членови биле грофови од Руан, војводи од Нормандија, како и кралеви на Англија по норманското освојување на Англија. Оваа династија опстоила до доаѓањето на власт на династијата Плантагенети во 1154 година. Династијата започнала со брачната заедница помеѓу викингот Роло [1] (првиот владетел на Нормандија) и Попа од Баје.[2] Вилијам Освојувачот[3] и неговите наследници биле членови на оваа династија до 1135 година . После тоа, имало спор меѓу внуците на Вилијам, Матилда, чиј што сопруг Џефри ја основал династијата Плантагенет, и Стефан од династијата Блоа (или династијата Блесевин).[4] Нормански грофови од Руан биле:
Нормански војводи од Нормандија биле:
Нормански монарси на Англија и Нормандија биле:
Нормански гроф од Фландрија:
Наводи и забелешки
|
Portal di Ensiklopedia Dunia