Ноќта пред БожиќНоќта пред Божиќ (англиски: The Nightmare Before Christmas) — американски анимиран филм од 1993 година, во режија на Хенри Селик, според идејата и приказната на Тим Бартон. Гласовите ги позајмуваат: Дани Елфман, Крис Сарандон, Кетрин О'Хара, Вилијам Хики итн. Филмот трае 76 минути и бил снимен со буџет од 18 милиони долари.[1] Во 1994 година, филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ за најдобри визуелни ефекти, како и за наградата „Златен глобус“ за најдобра музичка нумера.IMBd, The Nightmare Before Christmas (1993) — Awards (пристапено на 6.10.2015) СодржинаВо Градот на Ноќта на вештерките (Halloween Town) живеат сите измислени плашила од приказните — врколаци, вампири, вештерки, зомбиња итн. На страшилото со глава на тиква, Џек Скелингтон му е дојдено преку глава од постојаните прослави на Ноќта на вештерките, која секоја година, на ист начин, ја организира градоначалникот. Сакајќи нешто да промени, тој добива необична идеја, откако случајно ќе појде во Градот на Божиќ (Christmas Town), каде ќе ги види Дедо Мраз, подароците, песните итн. Затоа, непосредно пред Божиќ, тој го грабнува Дедо Мраз и ја презема неговата улога. Единствено, девојката Сали, која е вљубена во Џек, се обидува да го разубеди, бидејќи претчувствува дека ќе се случат лоши работи.
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia