Нунатак![]() ![]() Нунатак (од инуитски: nunataq) — чуковиден врв или срт на планина кој стрчи од ледено поле или ледник кој инаку ја покрива сета планина или срт. Ваквите врвови се наречени и леднички острови.[1] Чести примери се природните пирамидални врвови. Кога ќе станат заоблени од ледничките дејства, овие камени изданоци се нарекуваат роњони.[2][3] Зборот е од гренландско потекло[4] и навлегол во Западна Европа во 1870-тите. ОписПоимот обично се користи на подрачја каде преовладува трајната ледена покривка, а нунатаците се издаваат над неа.[5] Тие претставуваат лесно препознатливи упатно-појдовни точки на ледниците или ледените капи, и затоа најчесто имаат имиња. Некои од нив се изолирани, но неретко се среќаваат во густи групи, како што е случај на Земјата на Кралицата Луиза на Гренланд.[6] Нунатаците се претежно остри и зашилени, што го спречува нафаќањето на леднички мраз, но не и трупањето на снег. Силно се разликуваат од поблагите контури на леднички еродираните предели што настануваат по повлекување на ледниците. Тие се единственото место каде растенијата можат да опстанат на ледени покривки и капи, и виреат во уникатни станишта поради нивната изолираност.[7] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia