ОСУ „Ацо Русковски“ - Берово
![]() ![]() „Ацо Русковски“ — средно училиште во Берово, Општина Берово[1]. Основање и развој на ОСУ „Ацо Русковски“Училиштето „Ацо Русковски“ е основано во учебната 1951/52 година како неполна гимназија „Страшо Пинџур”.Средното образование во Берово е воведено од учебната 1953/54 година со решение на Советот за просвета на НРМ од 10.09.1953г., кога е верифицирана полна гимназија. Во 1956 година гимназијата се трансформира-преминува во средно економско училиште.Во 1960/61 година се враќа гимназискто образование, но продолжува да постои и економското училиште. Наредната година економското училиште се припојува кон гимназијата, а постојат две паралелки од просветна струка. Од таа година училиштето го добива името Ацо Русковски. Од учебната 1963/64 година средното училиште функционира како чиста гимназија (без економски и педагошки паралелки),се до 1978 година, кога се трансформира во ЦСО. Во ЦСО покрај гимназиско има и стручно образование: текстилно-кожарска струка, електро, дрвопреработувачка, струка за неметали и др. Од 1980 до 1990 година училиштетото работи според концептот за средно насочено образование, а стручното си постои вон тој концепт. Во учебната 1991/92 година се напушта концептот за насочено образование и се враќа гимназиското образование. Од 2001/02 година гимназиското образование се реализира според новите планови и програми. Визија на училиштетоНашето училиште е со традиција, отворено за нови идеи што го поттикнуваат поединечниот развој и креативноста на учениците. Нуди можност за проодност на сите факултети. Подготвеност за вклучување на пазарот на трудот. Интенција за воведување на нови струки од интерес на општината. Патронен празникПатрониот празник на училиштето се одржува секоја година на 24 Септември. За одбележување на тој празник се одржуваат голем број на манифестации, како од спортски, така и од културен аспект. Учениците од средното училиште подготвуваат точки со кои настапуваат на сцена. Претежно точките се од делот на музика (пеење и свирење на музички иснструменти), драмската уметност и модерните танци. Учениците се истакнуваат и во спортските натпревари - ракомет, кошарка, одбојка, фудбал итн . Соработка со други училиштаОСУ „Ацо Русковски“ е во соработка со други училишта, не само од Македонија, туку и пошироко:
Учество на натпревари и освоени награди
Државен натпревар за противпожарна заштита
Прво место екипно
Второ место Државен натпревар по латински јазик
Натпревар за најдобар бизнис план III место
![]() Републички натпревар на детски и младински оркестри -
Проекти и активностиНајзначајни проекти и активности спроведени во ОСУ „Ацо Русковски“ се:
Наставен кадар![]()
УченициВкупно : 561 (26 паралелки)
Национална припадност
Наставата се изведува на македонски наставен јазик Интегрална евалуација
Просторни условиКабинети![]() ![]() ![]() Во училиштето има 22 Кабинети од кои 15 се опремени со компјутерска технологија. ПраксаЗа практична настава во училиштето има 2 добро опремени простории. Спортска салаДобро опремена спортска сала. БиблиотекаДобро опремена библиотека Познати личности кои учеле во ова училиштеПознати личности кои предавале во ова училиштеНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia