ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола
Училиштето е именувано по македонскиот револуционер, Ѓорѓи Сугарев. МестоположбаСе наоѓа во близина на ДТЦ „Шехерезада“ на ул. „Димитар Влахов“, бр. 32, а од центарот на градот е оддалечено само 4 минути. ИсторијаУчилиштето било отворено на 12 декември 1974 година и спаѓа во новите училишта во градот, понови се само ОУ „Елпида Караманди“ и ОУ „Св. Климент Охридски“. Објектот е наменски изграден во 1973 година и има вкупно 3.800 м2 наменска површина. До овој објект се наоѓа фискултурната сала и училишниот двор со асфалтирани терени за фудбал, ракомет, кошарка и за други намени. ОсобеностиОпремено е со над 35 училници и кабинети, над 60 стручни наставници, педагог, психолог, логопед и е едно од петте училишта во Македонија вклучено во проектот за осовременување на образованието на лица со пречки во развојот кои од 1984 г. се дел од оваа образовна институција. Училиштето има 2 сали: мала која се наоѓа во училишната зграда и служи за одржување на училишните манифестации, и голема спортска сала која ги исполнува сите норми и пружа можности за секакви спортски активности. Наспроти училиштето се наоѓаат поранешните турски бањи, додека недалеку се наоѓа и „Чинаро“. ГалеријаНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia