ОУ „Гоце Делчев“ - НеготиноЗа други значења на поимот, погл. ОУ „Гоце Делчев“.
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев. МестоположбаУчилиштето се наоѓа на булеварот „Маршал Тито“ во Неготино. ИсторијаОпштинското основно училиште „Гоце Делчев“ од Неготино започнало со работа во 1972 година во месец ноември. Подрачни училиштаВо рамките на општинското основно училиште „Гоце Делчев“ се наоѓаат и четири подрачни основни училишта од прво до петто одделение (освен тоа во Долни Дисан, кое е со девет одделенија), а чии ученици подоцна наставата ја продолжуваат во средишниот објект на училиштето во градот Неготино. Овие училишта се:
Поради зголемување на бројот на учениците, во учебната 1987/88 година подрачното основно училиштето во селото Војшанци, кое дотогаш било подрачно училиште на ова училиште му било отстапено на ОУ „Страшо Пинџур“ - Неготино. ОрганизацијаВо училиштето учат околу 1000 ученици од градот и приградските места, распоредени во 55 паралелки. На почетокот во училиштето биле вработени 52 наставници, а денес во него работат вкупно 64 наставници од кои 35 во предметна, а 29 во одделенска настава. ОпременостУчилиштето располага со вкупно 3.580 м2 работна површина, која ја сочинуваат 17 училници, 6 кабинети, 2 занимални, 1 фискултурна сала, 5 канцеларии и 3 простории за друга намена. НатпревариУчилиштето постојано учествува на разни училишни, регионални, државни или меѓународни натпревари и постигнува солидни резултати. Традиционално неколку години по ред (2005 - 2007 г.), во училиштето во месец март по повод месецот на франкофонијата се спроведува републичкиот натпревар по француски јазик.[2] Освоени наградиУчилиштето е добитник на наградата Осми Ноември. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia