ОУ „Исмаил Ќемали“ - Чаир

Исмаил Ќемали
Место
Општина: Општина Чаир
Наречено по: Исмаил Ќемали
Нас. место: Чаир
Адреса: ул. „Методија Митевски“, бб
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: македонски и албански
Контактни информации


Основно училиште „Исмаил Ќемали“ (во минатото: Основно училиште „Рајко Жинзифов“; официјално: Основно општинско училиште „Исмаил Ќемали“ - Чаир; скратено: ООУ „Исмаил Ќемали“) — централно основно училиште во скопската населба Чаир, Општина Чаир.[1]

Денес, училиштето е именувано по албанскиот политичар и дипломат Исмаил Ќемали, додека во минатото било именувано по истакнатиот македонски преродбеник Рајко Жинзифов.

Именување

Во 2012 година, Општина Чаир донела одлука за преименување на четири основни училишта, меѓу кои и училиштето „Рајко Жинзифов“ во „Исмаил Ќемали“, но Управниот инспекторат се противел на одлуката поради непочитување на Бадентеровото мнозинство при носењето на одлуката во советот на општината.[2] Сепак, во 2021 година, Министерството за образование и наука ги прифатило преименувањата. На 5 мај 2021 година, Уставниот суд не повел постапка за оценување на уставноста и законитоста на донесената одлука од 2012 година.[3]

Наводи

  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-21.
  2. „Со потпис од Адеми две училишта во Чаир преименувани во албански имиња“. Фактор Портал. Посетено на 2024-12-21.
  3. „У.бр.35/2012 – Уставен суд на Република Северна Македонија“. ustavensud.mk. Посетено на 2024-12-21.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya