ОУ „Светозар Марковиќ“ - Старо Нагоричане
Училиштето е именувано по српскиот публицист, социјалист и политичар Светозар Марковиќ. МестоположбаУчилиштето се наоѓа на влезот во селото Старо Нагоричане. ИсторијаУчилиштето било изградено во 1924 година. Материјалот за изградба на училиштето го обезбедил кралот Александар Караѓорѓевиќ, како и мештаните на селото. Првите ученици во новата зграда биле запишани во 1924/1925 година. Во таа училишна година во училиштето учеле 192 ученици. Во периодот од 1931 до 1935 година, број на учениците се движел од 200 до 230 ученици. Во училишната 1964/1965 година училиштето добило нова зграда во која наставата се изведува и денес, а во таа училишна година во училиштето биле запишани 307 ученици. Денес ова е единствено училиште во Македонија во кое наставата целосно се изведува на српски јазик. Училиштето секоја година го прославува Свети Сава, националниот празник на Србите во Македонија Савинден како училишна слава. НаставаВо основното училиште, наставата се изведува на македонски и српски јазик.[2] Подрачни училиштаВо рамките на општинското основно училиште „Светозар Марковиќ“ се наоѓаат и две подрачни основни училишта од прво до петто одделение, а чии ученици подоцна наставата ја продолжуваат во средишниот објект на училиштето во селото Старо Нагоричане. Овие училишта се:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia