ОУ „Св. Климент Охридски“ - Македонски Брод

Свети Климент Охридски
Место
Општина: Општина Македонски Брод
Наречено по: Свети Климент Охридски
Нас. место: Македонски Брод
Адреса: ул. „Партизанска“, бр. 33
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1946; пред 79 години (1946)
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место oouklimentohridski.edu.mk/
Е-пошта oukliment@yahoo.com
Телефон 045/274-131
Факс 045/274-131


Основно училиште „Св. Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Македонски Брод; скратено: ООУ „Св. Климент Охридски“) — централно основно училиште во градот Македонски Брод, Општина Македонски Брод.[1]

Училиштето е именувано по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски.

Местоположба

Училиштето е сместено во горниот дел од Македонски Брод.

Историја

Училиштето сè до 1968 година го носи името „Кирил и Методиј“, од 1968 година „Единство“, име кое го задржува сè до 1997 година, а од 1997 година е именувано како „Св. Климент Охридски“.

Училиштето како целина е составено од два објекта кои внатрешно се поврзани со скалиштен простор. Постариот објект е пуштен во функција во далечната 1946 година, а поновиот објект во 1990 година.

Во состав на училиштето функционираат шест подрачни училишта.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегува следниве подрачни училишта:

Наводи

  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-13.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya