ОУ „Св. Климент Охридски“ - ОхридЗа други значења на поимот, погл. ОУ „Св. Климент Охридски“.
Основно училиште „Св. Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Охрид; скратено: ООУ „Св. Климент Охридски“) — централно основно училиште во градот Охрид, Општина Охрид.[1] МестоположбаСе наоѓа во старото јадро на градот Охрид, на ридот Дебој. ИсторијаУчилиштата зграда била градена и завршена во 1979 година. За изградбата на училиштето, Павел Балабанов ја добил престижната Награда „Борба“ во 1980 година, за најдобро архитектонско остварување во Југославија, како и републичката Награда за најуспешно архитектонско остварување. Проектот на училишната зграда бил публикуван во огромен број на списанија и весници.[2] Архитектура на училишната зградаОбликувањето на градбата е павилјонски и разумно, со расчленети волумени кои се поврзани со линиски коридори. Средишното место во комплексот и го зазема алулата со нејзината повеќефункционална намена и кружење. Фасадната обработка е од фасадна црвена цигла со малтерисана структура. За покрив, архитектот Балабанов го одбрал лимот, покривка која му дава друг однос и пристап со околината со воглавно покривни од ќерамиди.[2] Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia