Обединети Македонци
Обединети Македонци (англиски: United Macedonians Organization) е непрофитна организација основана во 1959 со седиште во Торонто, Канада која ги застапува интересите и потребите на Македонската заедница во Канада. Организацијата исто така силно ги поддржува човековите права за македонските малцинства во Грција и Бугарија[1]. ИсторијаОрганизацијата Обединети Македонци во Канада е најстарата македонска национална и културна организација во иселеништвото. Основана 1959 година, со цел да го унапредува единството меѓу Македонците на континентот и ширум светот, без разлика на нивната верска припадност или политичо убедување. Организацијата била и е стожер во борбата против сите странски пропаганди кои се стремат и сѐ уште се стремат да ги однародат Македонците на северноамериканскиот континент. Организацијата е главен организатор на манифестацијата „Гоцева вечер“ во Торонто. ПретседателиДосегашни претседатели на организацијата биле:[2]: 1959-1966: Џејмс Саундерс Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia