Облакодер „Истанбулски Сафир“
Истанбулски Сафир — облакодер кој се наоѓа во централната деловна област Левент, во Истанбул, Турција. Од 2016 година, ова е највисоката зграда во Истанбул и Турција. Истанбулски Сафир била четврта највисока зграда во Европа кога нејзината изградба била завршена во 2010 година[3] и прв еколошки облакодер на земјата. Објектот има 54 спрата над нивото на земјата, од кои 47 спрата од објектот се наменети за станбена употреба[3], голем паркинг простор, трговски центар итн. Објектот може да се пофали со висина од над 238 метри надморска височина, додека зградата има целокупна конструктивна висина од 261 метри, вклучувајќи го и неговиот штит, кој е дел од дизајнот, а не радио антена[3] Објектот бил дизајниран од страна на компанијата Табанлиоглу, и денеска се состои од луксузни продавници и деловни простории, а е управувана од компанијата Kiler GYO[3].Во близина на облокадерот поминува Европскиот пат Е80 и мостот Фатих Султан Мехмет. Зградата има директен пристап до станицата на метрото во Левент на улицата Бујукдере, во реонот на Шишли. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia