Обртни средстваОбртни средства или обртен капитал (англиски: Current assets) се дел од средствата на претпријатието коишто можат брзо да се претворат во пари. Тие се нарекуваат уште и тековни средства или работен капитал (Working capital). Поим за обртни средстваОбртните средства се сметководствен поим за да се означи целокупната маса на средства во претпријатието кои се со кус рок на употреба, т.е. брзо се трансформираат од еден во друг облик. Таа вкупна маса на обртни средства која постојано е присутна во претпријатието се нарекува обртен капитал. Обртните средства ги вклучуваат паричните средства и оние средства кои низ текот на активностите ќе се претворат во парични средства во тековниот период. Во економската литература, под поимот тековни средства најчесто се подразбираат оние деловни средства кои со еднократна употреба се трошат во деловниот процес и чијашто вредност се преобразува од почетен паричен облик во заршен паричен облик најмалку еднаш во текот на годината.[1] Обртните средства ги сочинуваат:
Управување со обртните средстваЕфикасното работење на фирмата и остварување на нивната основна цел – масимализација на финансискиот резултат, зависи од ефикасното користење и управување како со основните, така и со тековните средства. Кај некои фирми, вложувањата во тековни средства, претежно во побарувања од купувачите и залихите, се доста значајни и често доминантни во однос на вложувањата во фиксни средства. Под поимот „оптимум“ се подразбира нешто што е најповолно, што најповеќе одговара (лат. optimus = најдобро). Кога се во прашање тековните средства, тогаш оптимумот се остварува кога со минимално ангажирани тековни средства се остварува максимален резултат. „Оптимално се нарекува она решение коешто во дадени стопaнски услови е најдобро, односно најефикасно“. Пониското ниво на некои обртни средства може сериозно да го наруши работењето на претпријатието, додека пак повисокото ниво пак, значи непотребно врзување пари, што предизвикува трошоци на нивното финансирање, пропуштени добивки, трошоци за чување залихи и сл. Имено, до зголемена потреба од обртни средства доаѓа најчесто поради сезонскиот карактер на работењето, поради што се јавува потреба овие потреби да се покријат во периодот на нивното постоење. Износот на обртни средства што е постојано присутен во претпријатието го нарекуваме уште и трајни или перманентни обртни средства, додека средствата што се јауваат повремено, сезонски, ги нарекуваме повремени обртни средства.[2] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia