ОвелгенеЗа други истоимени места, погледајте Овелгене (појаснување).
Овелгене (германски: Ovelgönne) — општина во округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 27 километри североисточно од Олденбург и 40 километри северозападно од Бремен. Со површина од над 120 квадратни километри, Овелгене е втора најголема општина во округот Везермарш. Поради своето развиено земјоделие, општината е нарекувана „зеленото срце на Везермарш“. Административното седиште на општината е во местото Олденброк-Мителорт, иако е именувана по селото Овелгене. ГеографијаМестоположбаОвелгене се наоѓа во просторот помеѓу градовите Бремен, Олденбург, Вилхелмсхафен и Бремерхафен. Окружниот град Браке од средиштето на Олденброк-Мителорт е оддалечен шест километри. Соседни општиниОвелгене се наоѓа во средишниот дел на округот Везермарш и се граничи на северозапад со општината Јаде, на север со општината Штадланд, на исток со градот Браке и на југ со градот Елсфлет (сите во округот Везермарш). На југозапад се граничи со општината Раштеде од округот Амерланд. Општински единициОпштината Овелгене се состои од следниве места:
Административното седиште на општината е во Олденброк. НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia