Олга Илиевска

Олга Илиевска ( 1925 во Пелинце — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Учествувала во НОД од август 1943 година во селото. Нејзината куќа била целосно ставена на располагање на НОД, служејќи како сигурно засолниште на борците и илегалците од Куманово. Давала и подготвувала храна за партизанските одреди од кумановскиот крај. Во нејзиниот дом отседнувале партизански курири. Од јануари 1944 година станала член на КПМ. Била изложена на терор од четниците, бидејќи во нејзината куќа била откриена партизанката Евица Георгиевска која подоцна била стрелана. Честопати била ползувана како кvрир. Била член на Општинскиот комитет на СКОЈ за Жегљанско, летото 1944 година.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1072.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya