Олимписки парк (Лондон)
![]() ![]() Олимпискиот парк (англ. Olympic Park) е нов спортски комплекс во реоните Стратфорд, Боу, Лејтон и Хомертон во градот Лондон, каде ќе се одржат Летните олимписки игри 2012 и параолимпијадата. Предвидено е во 2013 г. паркот да биде преименуван во Олимписки парк „Кралица Елизабета“ (Queen Elizabeth Olympic Park), со неговото повторно отворање по игрите. Паркот ќе го носи името на кралицата Елизабета II, по повод нејзиниот дијамантски јубилеј кој ќе биде одбележан во јуни 2012.[1] Проектирање и изградбаПроектанти на паркот се EDAW (со Buro Happold), во соработка со Arup и Atkins, и треба да биде завршен во 2011 г. Подоцна задачата за проектирањето припаднала на LDA Design и Hargreaves Associates кои ги надополнуваат своите замисли врз основа на претходните. Според првичните планови, паркот требал да содржи четири арени, но подоцна е одлучено да има само три (преместувајќи го ракометот во изложбениот центар Ерлс Корт).[2] Потоа е откажана и мечувалската арена (преместувајќи го мечувањето во изложбениот центар ExCeL). Преостанатите две покриени игралишта се Кошаркарската и Ракометната арена. Во подготвителните фази се отстранети 52 импозантни далноводи со висина, секој по 65 м кои дотогаш доминирале во ова подрачје. Изградени се и тунелите за спроведување на кабли. За обезбедување на доволен простор се преместени и неколку фирми. Игралишта
Покрај самиот парк, во близината ќе има и Олимписко село во кое ќе бидат сместени натпреварувачите. ОставнинаПо олимпијадата, разни делови од паркот ќе претрпат пренамена:[3][4]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia