Омахеке
Омахеке (Omaheke) е еден од четиринаесетте региони на Намибија. Административен центар на регионот е Гобабис. Регионот се наоѓа во источна Намибија и ја зафаќа пустината Калахари, односно намибискиот дел на пустината. Името потекнува од херерскиот и значи „песочен велд“. Административна поделбаРегионот е составен од седум административни единици:[5] Херероланд (апертхајдскиот бантуленд) е дел од овој регион.[6] ИнфраструктураЕкономски, административен и културен центар на регионот е Гобабис. Градот има добра поврзаност со Виндхук, преку патишта и железница. Сите населени места во регионот се поврзани со Гобабис. Има добра инсфраструктура, како на пример полициски департман, две болници, клиника, образовни институции и сличо. ДемографијаНаселението е воглавно сточарско. Во регионот има 42 училишта со 18.365 ученици.[7] Невработеноста во регионот за 2012 година била 34.1%.[8] Според пописот од 2011, 43% од населението зборувале херерски јазик, 30% намански јазик и 8% африканс.[3] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia