Омега-шахОмега-шах (англиски: Omega chess) — шаховска варијанта, измислена од страна на Даниел МакДоналд во Торонто во 1992 година. Играта се игра на табла со 100 полиња (10х10), со додатни полиња на четирите агли од таблата, на кои на почетокот на партијата се поставени „волшебниците“.[1] Играта се одвива според шаховските правила, со таа разлика што има два нови вида на фигури: „првенци“ (или „шампиони“, во почетната положба се поставени во аглите од таблата) и „волшебници“ (во почетната положба се поставени во четири додадени полиња, косо од аглите од таблата). Дел од причината за додавањето на новите фигури е да се изедначи бројот на скокачки фигури со бројот на „лизгачки“ фигури по шаховската табла. Волшебникот е измислен, како фигура којашто може да се движи само по полињата со иста боја, што соодветствува со ловецот. Поради додатните полиња во аглите од шаховската табла, оваа варијанта на шах содржи нови тактички можности, вклучувајќи го и матот со два коња. Омега-шахот е поддржан од страна на некои велемајстори, меѓу кои и Мајкл Род[2] и Алекс Шерцер. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia