Опатија во дабовата шума
Опатија во дабовата шума (герм. Abtei im Eichwald) е слика од германскиот уметник Каспар Давид Фридрих. Насликана е во периодот помеѓу 1809 и 1810 г. во Дрезден, и за првпат изложена заедно со сликата „Калуѓер крај морето“ во Берлинската академија во 1810. По барање на Фридрих сликата била закачена под „Калуѓер крај морето“.[1] По изложбата обете слики ги купил прускиот крал Фридрих Вилхелм III за неговата збирка.[2] Денес сликите висат една до друга во Старата национална галерија во Берлин. МотивНа сликата е прикажана поворка од калуѓери упатени кон портата на разурнатата готска црква, носејќи ковчег. Патот го осветлуваат само со две свеќи. На преден план од снегот зјае новоископан гроб, и крај него одвај забележливо се наѕираат крстови. Оваа долна третина од сликата е мрачна—само највисокиот дел од рушевините и врвовите на голите дабови се осветлени од зајдисонцето. На небото се јавува и месечината. БелешкиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia