Операција Ентебе
Операцијата Ентебе, позната уште како Операција Молња — вооружена спасувачка операција на израелските специјални единици, одржана на аеродромот Ентебе, Уганда во ноќта на 3 и 4 јули 1976 година. Нејзината цел била ослободување на заложниците кои биле киднапирани од членовите на Фронтот за ослободување на Палестина[3] кои една недела претходно на 27 јуни го киднапирале авионот Ер Франс со 248 патници. Во текот на заложничката драма, евреите од авионот биле однесени во посебна просторија, а 47 неизраелски заложници биле ослободени. Следниот ден, повеќе од стотина неизраелски луѓе исто така биле ослободени, а околу стотина останале како заложници[4][5]. Како главен преговарач во операцијата била израелската разузнавачка служба Мосад. Киднаперите се заканиле дека ќе ги убијат заложниците ако нивните барања не бидат исполнети. Оваа закана доведе до планирање на операцијата за спасување[6] Операцијата се одржала во текот на ноќта. Израелски транспортни авиони со 100 командоси заминале кон Уганда за операцијата за спасување. Операцијата, чие организирање траело една недела била во рок од 90 минути. Во операцијата 102 заложници биле спасени. Пет израелските командоси биле повредени, а еден убиен. Сите киднапери, тројца заложници и 45 војници на Уганда биле убиени, а триесет советски авиони Миг-17 и МиГ-21s кои припаѓале на Уганда биле уништени.[7]. 24 часа подоцна, четвртиот израелски заложник бил убиен[8][9] од армиските офицери на Уганда. Операцјата понекогаш се нарекува и Операција Јонатан во спомен на водачот на операцијата Џонатан Нетанјаху којшто бил постар брат на Венјамин Нетанјаху кој подоцна станал премиер на Израел[9]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia