Опир
Опир (украински: О́пір) ― река во Украина, во рамките на Стријскиот Реон во Лавовската Област. Таа е десна притока на реката Стриј (днестарски слив). ГеографијаРеката Опир извира на источната падина на планината Велики Јавирник (украински: Великий Явірник) во Верховинскиот Масив, јужно од селото Опорец. Се протега помеѓу планините на Сколивски Бескиди, главно на североисток и север. Се влева во реката Стриј помеѓу гратчињата Верхние Синовидни и селото Межиброди. . Опир е 58 км долга, со големина на слив од 843 км2. Неговиот просечен градиент на проток е 10.4 м/км. Реката тече во долина во облик на V, со ширина што варира помеѓу 150 м и 300 м во долниот тек. Поплавната рамнина е билатерална, понекогаш еднострана, со ширина која се движи од 30 м до 425 м . Бреговите се стрмни и повремено мочурливи. Коритото на потокот е карпесто, со широчина од 10 м до 80 м, и длабочина од 20 см до 120 см. Дното обично е обложено со камчиња од карпатски песочник. Реката ги снабдува со вода населените места и за наводнување на земјоделските површини. Неодамна, реката стана популарна меѓу туристите кои одат на сплаварење.[4] ПритокиОсум мали реки и 31 поток со вкупна должина од 94.3 км и површина од 21.9 хектари се влеваат во реката.
НаселбиНа реката се наоѓаат неколку населби (по редослед од изворот до устието): Опорец, Лавочне, Тернавка, Славске, Тухлија, Хребенив, Сколе, Дубина, Верхние Синовидне. Галерија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia