Оплакување Христово (Џото)
Оплакување Христово — фреска насликана околу 1305 година од италијанскиот уметник Џото како дел од неговиот циклус на Животот на Христос на внатрешните ѕидови на капелата Скровењи во Падова, Италија.[1] Капелата Скровењи била изградена како приватна капела веднаш до манастирот Еремитани од богатото семејство Скровењи и осветена во 1305 година. Помеѓу 1304 и 1306 година, Џото ги украсил внатрешните ѕидови на капелата со низа фрески кои прикажуваат сцени од животот на Исус. Горните делови од ѕидовите, исто така, вклучуваат приказни за Јоаким и Ана, родителите на Богородица Марија. Фреските се сметаат за ремек-дела. И манастирот и капелата сега се дел од Граѓнски музеи на Падова.[2] Џото е опишан како проторенесансен уметник, кој им претходи и го отвора патот на сликарите од раната ренесанса на Фиренца, разбивајќи го уметничкиот калап на византиското раздобје со воведување на натурализам и длабочина во неговите дела. На сликата, телото на распнатиот Христос е спуштено од крстот и положено на земја, опкружено со неговата ужалена мајка и ученици. Неговата глава ја држи Марија, неговата мајка, а нозете Марија Магделена. Апостол Јован широко ги фрла рацете во очај. Десно, Никодим и Јосиф од Ариматеја чекаат да го подготват телото за положување во гроб.([3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia