Оплакување Христово (Вангелов)

Оплакување Христово
Творец Коста Вангелов
Година 1917
Димензии 119 см × 86,5 см
Место „Успение на Пресвета Богородица“, Ново Село

Оплакување Христово – слика од Коста Вангелов. Сликата е насликана во 1917 година, но не се знае кој ја нарачал. Во 1920/21 година сликата била дадена како една од наградите на големата томбола која била организирана во Штип, а ја добиле четворица пријатели кои купиле заеднички лоз. Подоцнежниот сопственик nа сликата, Коле Герасимов, сликата ѝ ја поклонил на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село.[1]

Опис

Во композицијата на Вангеловото „Оплакување Христово“ ја нема старата византиска иконографија, во која мртвото Христово тело го оплакуваат Богородица, Св. Јован Богослов, Јосиф од Ариматеја, Никодим и Марија Магдалена, a настанот е драматизиран со многу движења и мимики. На сликата се претставени само два лика: Мртвото Христово тело положено на одар и Богородица која плаче над мртвиот син, во долниот дел од одарот. Во заднина е насликана монолитна карпа низ која продира слаба светлина која на композицијата ѝ дава дополнителна мистичност. Сè природно и едноставно. Дури и тагата на Богородица за мртвиот син е искажана обѕирно преку изразот на лицето и стисокот на рацете. Само трновиот венец покрај одарот и придушениот светлосен нимб над главата на Христос, укажуваат дека овде станува збор за композицијата „Оплакување Христово“. И тука Вангелов, ликот на Богородица го заменува со ликот на жена-мајка, очигледно под влијание на творештвото на Урош Предиќ, својствено за творештвото во неговата втора фаза.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 „МАКЕДОНСКО ПРОФАНО СЛИКАРСТВО (XIX – почеток на XX век)“ (PDF). Национална галерија на Македонија. 2013. Посетено на 18 јануари 2025.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya