Опсада на Сердика (809)
Опсадата на Сердика се одвила во 809 година во Сердика, денешниот град Софија во Бугарија, помеѓу силите на Византиското Царство и силите на Бугарија. Битката е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Бугарите. Во опсадата, за првпат бугарските сили предводени од хан Крум користиле машини при воените дејствија. Бугарите градот го зазеле на 9 април по кое го ограбиле и го напуштиле.[1]. ПозадинаОткако го уништил целосно аварскиот хаганат, хан Крум своите походи ги насочил кон југозападните територии. Овие територии биле населени со Словени, по течението на реката Струма и Македонија. Најголема пречка за идните планови на владетелот претставувала силната византиска тврдина Сердика. КонфликтВо почетокот на 809 година, Крум го ставил градот под опсада на неколку недели, но отпорот бил силен. Тогаш тој ветил на византискиот гарнизон безбеден транспорт до империјата, под услов тврдината да се предаде во бугарски раце. Гледајќи ја тешката положба, Византијците го прекинале отпорот и на Велигден ги пуштиле Бугарите во градот. ПоследициСпоред Теофан Исповедник Крум не го исполнил ветувањето и започнал со убиства на сите војници и дел од мирното население. Потоа градот бил ограбен, а голем дел од неговите жители панично побегнале од него. Подоцна Крум исто така ја напуштил тврдината. Наводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia