Опсада на Цариград (1260)
Опсадата на Цариград од 1260 година претставува неуспешен обид за преземање на престолнината на Латинското Царство од страна на Никејското Царство. ЗаднинаПо преземањето на Цариград од страна на крстоносците, на територијата на Византија била формирана Латинското Царство и неколку мали византиски држави, од кои најсилни биле Никејското Царство и Епирското Деспотство. Како основна и крајна цел на овие држави била повторното освојување на Цариград и повторно обновување на Византија. Трапезунтското Царство всушност не играела никаква улога во обидите за обновување на империјата.[1] ОпсадаПлановите на никејскиот цар Михаил VIII Палеолог биле насочени во две насоки. Најпрвин требало да се презема околината на денешната населба Галата со кое би се блокирал патот кон Златниот Рог и доаѓање на помош на градот по морски пат. Доколку би се успеало во ова, планот бил да се нападне градот кон главната порта. Во текот на 1260 година, Михаил VIII Палеолог успеал да зазеде голем број на градови и територии кои припаѓале на Латинското Царство, а по ова се упатил кон Цариград и Галата и ги опседнал. Но војската која била поставена околу Галата се покажала многу посилна од очекувањето на Никеја, и портите на градот сепак не биле пробиени. Заклучувајќи дека градот нема да биде лесно освоен, Михаил III наредил опсадата да биде повлечена во април.[2] Во август 1260 година, бил потпишан договор помеѓу Михаил VIII и Балдуин II во времетраење од една година (се до август 1261) [3]. ПоврзаноНаводиЛитература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia