Опсада на Цариград (674–78)
Опсадата на Цариград во 674 година била предизвикана од страна на Арапите, како дел од веќе започнатата војна помеѓу Византија и Омејадскиот калифат. Воедно, оваа опсада била и првата од страна на муслиманскиот свет. Муавиак I, кој на власт во калифатот дошол по крајот на граѓанската војна, го опседнал Цариград во времето кога на чело на Византија бил Константин IV. Во почетокот, Омајадите се обиделе преку Теодосиевите ѕидини да направат пат и да го освјат гардот. Но кога заклучиле дека ѕидините на градот се доста широки и непробивливи, муслиманите решиле да го блокираат патот околу Босфорот. Сепак, кога дошла зимата, поради ниските температури, тие биле принудени да се повлечат на околу 100 километри од градот. Точно пред да биде градот опседнат, еден сириски христијанин по име Калиник или Калиникос од Хелиополис успеал да изуми односно создаде нов вид на оружје, кое подоцна станало познато како “грчки оган“. Ова оружје било искористено во 677 година во Битката кај Сулајем, во која битка Византија успеала да му нанеси голем пораз на Арапскиот калифат во водите на Мраморно Море и опсадата од 678 година. Оваа победа на Византија придонела да се стопира инвазијата на арапите кон Европа. Поразот може да се согледа во два фактори. Според првиот, се увидело дека градот многу тешко би можело да биде освоен преку воден пат, а според вториот, арапите биле поразени главно поради студената зима и создавањето на глад помеѓу арапската армија. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia