Организатор на игра![]() Организатор на игра, разигрувач или плејмејкер (англиски: playmaker) е назив за позиција на играч во кошарката. Оваа позиција е резервирана за играчи со голема брзина, добра техника и водење на топката. Често во кошаркарската терминологија за плекјмејкер се кажува и „единица“. Од самиот назив кој на англиски значи „раководител на игра“, може да се сфати и неговата улога. Основната улога на овој играч е да ја организира играта и тоа најчесто во нападот. Тој ја презема топката кога се тргнува во напад и во склад со тактиката ја проследува топката на одредениот играч. Сепак, многу често овие играчи се пред сè поради личните вештини се и добри поентери. Неговата стандардна позиција во нападот е нешто над линијата за три бода. Овие играчи се најчесто со понизок раст, но во последно време, границата на висината на плејмејкерите се покачила и до 2 метри. Улогата на плејмејкерот доста често можат да ја преземат и играчите од други позиции со нивните или слични особини. Основата на секој добар плејмејкер е добриот преглед над играта. Најпознат играч на оваа позиција се смета дека бил Меџик Џонсон.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia