Ориентализам (книга)
![]() Ориентализам (анг. Orientalism) е книга на Едвард Саид од 1978 г. која имала големо влијание на постколонијалните студии. Во книгата, Саид пишува дека „ориентализмот“ е констелација на погрешни претпоставки врз кои се темелат западните ставови кон Блискиот Исток. Ваквите дури и научни дела се оптоварени со „суптилни и сеопфатни евроцентрични предрасуди кон арабо-исламските народи и нивните култури“[1]. Тој сметал дека долгата традиција на романтизирани слики на Азија и Блискиот Исток во Западната култура служела како имплицитно оправдание за европските и американските колонијални и империјални амбиции. Саид со иста жестина се спротивставувал на практиката на арапските елити кои ги интернализирале (прифатиле и применувале) идеите на американските и британските колонијалисти за арапската култура.
Напомена: до почетокот на XIX век, односно до распадот на Отоманското Царство, под Близок Исток се сметал и голем дел од Балканот, кој ја вклучувал и Македонија.
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia