Оркански височини
Оркански височини (анг. Wuthering Heights) е готски роман, единствен на англиската писателка Емили Бронте. Првпат би издаден во 1847 година под псевдонимот Елис Бел, а било издадено и второ, посмртно издание на книгата, под уредништво на нејзината сестра Шарлота Бронте. Името на романот произлегува од карпестиот реон Јоркшир, каде што и се одвива дејството. Самата придавка „орканско“ (анг. wuthering) се однесува на бурно време. Во романот се раскажува страсната, но попречена љубовна приказна помеѓу Хитлиф и Кетрин Ерншо, којашто евентуално ќе ги уништи и нив и нивните блиски. Иако романот „Оркански височини“ денес се смета за еден од највеличествените романи во англиската литература, во тоа време бил мета на доста критики поради суровите описи на психичко и физичко измачување.[1][2] Иако на почетокот „Џејн Ер“ од Шарлота Бронте се сметал за најдобриот роман од сестрите Бронте, повеќето подоцнежни критичари коментираат дека оригиналноста на „Оркански височини“ го прави романот супериорен.[3] Значење и влијаниеОвој роман е многупати адаптиран на филмското платно, како и телевизиски и радио продукции, балет, опера итн.
Белешки
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia