Орман Чифлик
Орман Чифлик (грчки: Δενδρί, Дендри; до 1928 година: Ορμάν Τσιφλίκ, Орман Цифлик[1]) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓало помеѓу селата В’гени и Ризово, а ѝ припаѓало на општината Каменик.[2] ИсторијаВо 1928 година, селото добило ново грчко име, но изгледа дека истата година се растурило, бидејќи не се спомнува во пописот од 1928 година. Неговото население се прибрало во околните села, бидејќи земјиштето, кое било беговско, им било доделено на бегалски семејства сместени во селото Ризово.[2] СтопанствоГлавното занимање на селаните било земјоделството. НаселениеВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Орман Чифлик (Orman tchifliq) е село во Воденската каза со 20 куќи и 75 жители Македонци.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Орман Чифлик живееле 90 Македонци.[2][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Орман Чифлик (Orman Tchiflik) имало 48 Македонци.[2][5] Во 1920 година, Орман Чифлик е посочено со 5 македонски куќи.[2][6] Во пописот од 1913 година било забележано со 32 жители, а во 1920 година само со 14 жители. Во 1928 година добило ново грчко име, но изгледа селото се распаднало и не е спомнато во пописот од 1928 година.[2] Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на општината Вртикоп, во округот Постол. Наводи
Белешки
|
Portal di Ensiklopedia Dunia