Орце Ѓорѓиевски
Орце Ѓорѓиевски (р. 5 август 1987) — македонски политичар кој е припадник на ВМРО-ДПМНЕ. Тој моментално е градоначалник на Општина Кисела Вода. ЖивотописОбразованиеЃoрѓиевски е дипломиран политиколог.[2] ПолитикаЃорѓиевски станал член на ВМРО-ДПМНЕ во 2005 година. Ѓорѓиевски својата партиска кариера ја започнал како претседател на МК на УМС. Подоцна станал член на ОК на УМС Кисела Вода, од каде што во 2008 година станала претседател на УМС ОК Кисела Вода и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.[2] Во периодот 2013-2016 година бил член на ИК на УМС ВМРО-ДПМНЕ. Во 2015 година бил назначен и за потпретседател на УМС. 2016 година станал претседател на ОК Кисела Вода. Во 2018 година станал член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. На локалните избори 2017 бил избран за член на Советот на Општина Кисела Вода. За време на парламентарните избори 2020 година, бил назначен за претседател на РИШ за Изборна единица 4.[2] На 17 октомври 2021 година, за време на локалните избри, Орце Ѓорѓиевски победил во првиот круг и станал градоначалник на Општина Кисела Вода. Тој ја претставувал коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Орце Ѓорѓиевски е претпоставен кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за 2025 година.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia