Осака
Осака (јапонски: 大阪市, Осака-ши) — трет град по големина во Јапонија со околу 2,7 милиони жители. Историски, Осака е комерцијален центар на Јапонија и важи за еден од најголемите индустриски центри. Во срцето на подрачјето на Осака е -Кобе-Кјото, кои имаат околу 17,5 милиони жители. Во текот на денот од 9-17 часот станува втор град по големина , веднаш зад Токио. СтопанствоОсака некогаш била стопански центар на Јапонија. Денес оваа улога ја пезел Токио. Но во последните 10 години многу големи компании ги преместуваат своите главни седиште во Токио и во Осака. Некои од поголемите компании со седиште во Осака се: Шарп, Панасоник, Даимару, Кансаи, Нова. ИсторијаОвој град во минатото се викал Нанива. Царот Котоку ја претворил Осака во престолнина. Будистичката секта Јодо Шиншу во 1496 направила утврдување околу својот храм во Осака. Нобунага во 1576 започнал опсада врз тоа утврдување. Кога во 1580 по 4 години монасите го предале, храмот бил уништен, а Тојотоми Хидејоши на тоа место го гради познатиот Осачки замок. Денешното име го добива по Мејви периодот. АеродромМеѓународниот аеродром Кансаи е аеродром на правоаголен остров во Осачкиот Залив. Со тој остров се служат и Нара, Кобе и Кјото. Галерија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia