Оса (Тасманија)
Планината Оса (англиски: Mount Ossa) е највисока планина во Тасманија чиј врв достигнува 1617 метри надморска висина.[3] Оса е дел од Пелионовиот венец во Централните висорамнини на Тасманија во Австралија. За прв пат била забалежана од Европејците во 1860-те години, а како највисока планина во сојузната држава била прогласена во 1954 година. Како и повеќето врвови во областа, таа е прекрена со дијабаз.[4] ИсторијаОбласта на планината Оса се протега на границата меѓу Биг Ривер и Северните Абориџини во Тасманија. Неколку артефакти и кампови кои содржат разни видови камен и алатки се откриени околу Пелион на север и езерото Сент Клер на југ.[5] За прв пат била забележана од Чарлс Гулд во 1860-тите и била именувана по планината Оса во Грција следејќи ја темата на класичните грчки имиња поставени од Џорџ Френкленд, ран тасмански геодет.[6][7] Сепак, нејзината локација била обележана како на она што сега се нарекува планина Нереус. Со години се сметало дека планината Кредл е највисока во Тасманија.[8][9] ИскачувањеНа планината Оса може да се искачи преку добрa патека од Пелион Гап до врвот. Може да се пристапи или како спореден пат до Оверленд или преку патеката на реката Арм. Состојбите можат да бидат многу тешки во зима, со силни ветрови и температури до смрзнување.[1] Галерија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia