Ото Лилиентал
Ото Лилиентал (германски: Otto Lilienthal; 23 мај 1848 — 10 август 1896) — германски пионер во воздухопловството, кој станал познат како крал на едрилиците. Бил првиот човек кој успеал да направи добро документирани, успешни и повеќепати изведувани летови со едрилица. Го следел експерименталниот пристап претходно воспоставен од страна на Џорџ Кејли. Разни весници и списанија објавиле слики од летањето на Лилиентал, наведувајќи дека јавното и научното мислење околу можноста за летање станува реалност. За неговите придонеси кон воздухопловството во тоа време, често бил нарекуван и како „татко на летањето“. Умрел поради здобиени повреди кога неговата едрилица откажала и не можел да ја контролира. При падот од околу 15 метри го скршил вратор. ГалеријаЛилиенталредовно бил придружуван од фотографи на негово барање. Најголем дел од нив се добро познати, како Отомар Аншиц. Исто така, Лилиентал и сам ги сликал своите летачки машини по 1891.[2] Постојат најмалку 145 познати слики кои ги документираат тест-летовите, некои од нив со одличен квалитет. Сите се достапни на интернет на страница на Музејот Ото Лилиентал. Единствените негативи, чувани во Германскиот музеј во Минхен, биле уништени во текот Втората светска војна.[3]
ПоврзаноНаводи
Библиографија
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia