Ошац
Ошац (германски: Oschatz) — град во округот Северна Саксонија, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа 60 километри источно од Лајпциг и 60 километри западно од Дрезден. ГеографијаМестоположба и клима![]() Ошац се наоѓа во саксонските низини на бреговите на реката Делниц, која се влева во реката Елба, како лева притока 15 километри понатаму, близу Риза. Ошац се наоѓа близу шумските региони на Даленер Хит, како и Шумата Вермсдорф и Колмберг. Соседни општини и градови се: Либшицберг, Штрела, Риза, Штаухиц, Наундорф, Вермсдорф и Дален. Просечната температура во Ошац е околу 8,6 °C[2], додека годишната количина на врнежи е околу 570 милиметри.[3] ОкрузиАдминистративниот округ на градот Ошац се состои од 14 дела:
ИсторијаПовршината на денешниот град била населена од неолитски времиња. Името Ошац доаѓа од лужичкиот збор за засечено место. Првите пишани докази биле во 1200 со името „Johannes de Ozzetz“, меѓутоа поврзаноста со Ошац е непотврдена. Првото потврдено спомнување на градот е од 1238, кога Ozzechz е спомнат во документ од Хајнрих фон Мајсен. Најстариот документ најден во градските архиви е писмо од бискупот Конрад од Мајсен, со датум од 1246. Во 1344 била организирана народна армија за градовите Ошац, Торгау и Грима и бил вработен учител во 1365. Градот ги добил правата за организирање пазар во 1394. Галерија
Меѓународни односиОшац е збратимен со следниве градови:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia