ПУ „Браќа Миладиновци“ - Добрево

Браќа Миладиновци
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Пробиштип
Наречено по: Браќа Миладиновци
Нас. место: Добрево
Адреса: с. Добрево
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1957; пред 68 години (1957)
Број на ученици: 8
Настава на: македонски
Контактни информации


Подрачно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Браќа Миладиновци“ - Добрево; скратено: ПООУ „Браќа Миладиновци“) — подрачно основно училиште во селото Добрево, составен дел на истоименото училиште од градот Пробиштип.[1]

Училиштето е именувано по македонските преродбеници и писатели Браќа Миладиновци.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Добрево, сместено на сретсело, во непосредна близина на селската црква.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Наставата се изведува во една комбинирана паралелка за сите 8 ученици.

Наводи

  1. „ООУ Браќа Миладиновци“. Општина Пробиштип. Посетено на 10 ноември 2022.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya