ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Калаузлија

Крсте Петков Мисирков
Поглед на подрачното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“
Поглед на подрачното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“
Поглед на подрачното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“
Место
Општина: Општина Радовиш
Наречено по: Крсте Петков Мисирков
Нас. место: Калаузлија
Адреса: с. Калаузлија
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: турски
Контактни информации


Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Подрачно основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Калаузлија; скратено: ПОУ „Крсте Петков Мисирков“) — подрачно основно училиште во селото Калаузлија, составен дел на истоименото училиште во Радовиш, Општина Радовиш.[1]

Училиштето е именувано по македонскиот јазичар Крсте Петков Мисирков.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во крајниот западен дел од селото, на возвишение коешто му дава доминантна положба во однос на остатокот на селото.

Историја

Новиот објект на училиштето бил пуштен во употреба во декември 2021 година. Објектот бил изграден со средства обезбедени од страна на ТИКА и со поддршка од Општина Радовиш.[2]

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.[3]

Наводи

  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-15.
  2. Радовиш: Пуштено во употреба подрачното училиште во село Калаузлија“. Јавна администрација.
  3. ООУ Крсте Петков Мисирков — Радовиш Архивирано на 13 јануари 2022 г.“. Општина Радовиш.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya