Павлина Завојчева

Павлина Завојчева ( 1922 во Кавадарци —) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Учествувала во НОД од јануари 1943 година како курир на Месниот Комитет на КПМ - Кавадарци и партизанските одреди што се наоѓале на теренот на Тиквешката околија. Собирала храна облека и народна помош за потребите на партизанските одреди. Кратко време била во затвор (од 1 до 30 септември 1943 година). По пуштањето од затвор била уште поактивна поради што на 1 мај 1944 година била повторно уапсена и одведена во Скопскиот затвор, а оттаму интернирана во Карнобатско, Бугарија, каде останала до капитулацијата на Бугарија.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1062–1063.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya