Панделис Папајоану
Панделис Папајоану, познат како капетан Никоцарас Грка, (грчки: Παντελής Παπαϊωάννου, Καπετάν Νικοτσάρας Γραίκος) бил андартски капетан, деец на грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија. ЖивотописПапајоану е роден во струмичкото село Колешино. Во почетокот дејствувал со Борис Сарафов, а според грчки извори тој бил секретар на неговата чета. Со засилувањето на грчката вооружена пропаганда во Македонија преминува на страната на грчката кауза и предводи андартска чета, дејствува заедно со Гоно Јотов во реонот на Ениџевардарското Езеро [1][2]. Во пролета 1907 година кон четата на Папајоану се присоединува и четата на Иван Радналијата, за да се засилат грчките дејствија во Струмичко. Оваа здружена чета ги обиколувала струмичките села Колешино, Зубово и Мокриево, со цел привлекување на нови андарти. На 26 август се предадени од страна на населението и дошле во судир со османлиските сили. Во судирот загинале капетанот Папајоану, Танас од Владиевци и Стоил од Вардаровци, останатите андарти на чело со Иван Радналијата успеваат да се спасат [3]. Од страна на грчките власти во Кукуш е подигната негова бист.[4]. Извори
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia