Пандо ВојновПандо Војнов или Пандо Вајна — претседател на организацијата на „Илинден“ и воден командир во грчката народноослободителна армија (ЕЛАС) за време на НОБ. Војнов е роден во Леринското, патријаршиско село Сребрено во семејството на гркоманскиот андартски капетан Григор Војнов на 2 мај 1924 година. Завршил офицерска школа при генералниот штаб на ЕЛАС. За време на Граѓанската војна бил командир на чета, одред, баталјон, бригада и дивизија. По капитулацијата на Демократската армија на Грција (ДАГ) станал претседател на организацијата „Илинден“, создадена од Комунистичката партија на Грција (КПГ) во источноевропските земји и член на централниот комитет на КПГ.[1] Имал чин на потполковник (1948 година), како ѝ чин на полковник (1949 година) на ДАГ.[2] Бил член на Главниот одбор на НОФ (јануари, 1948 година) по Резолуцијата на Информбирото и на ЦК КПГ и претседател на организацијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - „Илинден“. Тој е еден од приврзаниците на политиката на КПГ во однос на македонското национално прашање.[3] Дипломирал на Воената академија Фрунзе во СССР. Во Бугарија се преселил околу 1958 година и служел во БНА. Предавач на Воената академија Георги Раковски во Софија, генерал-мајор од БНА, доктор на воените науки, вонреден професор. Добитник е на Орденот на Народна Република Бугарија I степен. Од 1978 до 1983 година бил раководител на Катедрата за општа тактика, а подоцна декан на Факултетот за општи трупи, а потоа и заменик началник на Академијата во Софија. Генерал-мајор Пандо Војнов починал во Софија на 12 јуни 2008 година. Наводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia