Панк-рок![]() Иако сите основни одлики на панкот (на англиски punk) — верноста на триакордните песни и едноставните мелодии — се содржани во опусот на Лу Рид и Velvet Underground, Iggy & The Stooges и MC5, панкот како жанр се афирмира на двете страни на Атлантикот дури во втората половина на седумдесеттите години на минатиот век. Се претпоставува дека изразот „punk“ го создале двајца критичари, Лестер Бенгс и Дејв Марш, опишувајќи ја музиката и ставот кои го пропагирале групите од типот на MC5 и New York Dolls. Потекло и развојПанкот бил реакција на алчноста на дискографската индустрија, гломазноста и помпезноста на прогресивниот рок, на стадионските глам-рок атракции, слатката поп-продукција и социјалните прилики — посебно во Велика Британија. Поедноставно објаснување дал еден американски рок-критичар: “Панкот настојувал да му врати на рокот сето она што го изгубил станувајќи мегауспешен масовен феномен... да не се појавеше панкот, рокот би исчезнал“. Во САД панк-движењето се развило многу порано отколку во Велика Британија. Помеѓу почетниците треба да се спомнат The Ramones и групите и изведувачите собрани околу Њујоршкиот CBGB клуб, кои во текот на 1975 и 1976 настапуваат Пети Смит, Talking Heads, Heartbreakers и други. Во Британија во втората половина на седумдесеттите години, минатиот век во првиот ред на панкот се појавуваат The Sex Pistols, чии главни одлики биле провокативниот сценски настап, експлозивни гитариски рифови на трагата на класичниот едноставен рокенрол од педесеттите и шеесеттите како на пример Eddie Cohran, Gene Vincent, The Who, Small Faces итн. како и анархоидни текстови. Претставниците на панкот се залагаат за идејата, рудиментарната енергија на базичниот рок и „направи-сам“ естетиката. Агресивните сценски настапи често биле компензација за слабите инструментални способности на изведувачот, но наспроти тоа панкот за себе го осигура огромниот одзив кај адолесцентската британска публика која, за разлика од американската, ги прифатила како генерациски исказ. Поради тоа тврдењето дека панкот никогаш не е “мртов“, туку менувајќи се, се разгранува и се трансформира, изгледа реално и вистинито. Жанрови на панк-музикатаОi Punk е всушност заложба за враќање на панкот од каде што и потекнал — на улицата, наспроти комерцијализацијата на неговиот првобитен бран (многу од првобитните бендови се искомерцијализирале, потпишале милионски договори со што првобитната идеја била компромитирана), потоа за враќање на сировоста и едноставноста наспроти претераната интелектуалност и артизам што довело и до отуѓувањето на панкот од улицата (по згаснувањето на Секс Пистолс еуфоријата Џони Ротен ги формира Public Image Limited и почнува да твори во некои позрели постпанк и психоделични води), како и заложби за обединување на субкултурните движења — панкерите и скинхедите кои претходно веќе постоеле како субкултура уште од крајот на шеесеттите но го прифатиле подоцнежното појавување на панкот. Анархопанкот се раѓа во крајот на седумдесеттите и почетокот осумдесеттите години на дваесеттиот век , во музиката преовладува цврст панк-звук со анархистички текстови со антивоена, еколошка, антифашистичка и антикапиталистичка тематика (сходно на тоа, во поново време и со антиглобалистички пораки). За разлика од првобитниот бран на панкот (напр. Секс пистолс) кој „анархијата“ ја сфаќаше во некоја рудиментирана адолесцентска форма (како „хаос“, тотален нихилизам и просто уништување на се’ и сешто) со намера да го шокира естаблишментот, кај анархо-панкот веќе се гледа едно зрело и правилно сфаќање на анархизмот како борба против секој вид на власт и репресија, а за воспоставување на едно братско уредување на меѓусебните односи на луѓето, што е една идеологија со долго претходно постоење независно од панкот. Горенаведените се само неколку подправци на панкот, а постојат и низа други, при што може да се констатира дека се работи за мошне хетерогена сцена отворена за разни идеи и често неортодоксна. Честопати е тешко да се разграничи точно каде се границите помеѓу одредени стилови. Восекој случај сето тоа влегува во катефоријата панк. Секој правец си има некои свои одлики често создадени под влијание на времето и средината во кои се појавиле, како и музичките влијанија врз нивните исполнители. Така на пример постои: Hard core punk (создаден првобитно во САД, но подоцна раширен низ светот, бендови: Black Flag, Minor Threat, Agnostic front и многу други. Хардкорот и самиот се има разграничено во многу подвидови, речиси како да е засебен правец: Њујоршки хардкор, Мелодичен хардкор, метализиран хардкор итн.), паралелно со него во Британија се формира т.н. UK 82 генерација на бендови (The Exploited, Charged GBH итн.), потоа како пожестока форма на анархопанкот се јавува crust punk, потоа постои ska-punk (со примеси на ска музика), мелодичен панк, punk'a'billy (со рокабили примеси од педесеттите год. на дваесеттиот век), панк со електронска музика (како напр. Sigue Sigue Sputnik) итн. Во деведесеттите години на дваесеттиот век дојде до своевиден ривавјл на панкот што доведе до повторно зголемено интересирање за него, создавање на нови и реоформување на многу од старите бендови, вклучително и на Секс Пистолс за Filthy Lucre Live турнејата. Изведувачи и албуми типични за правецот на панк-музиката
Панкот како тема во популарната култура
Статии на Википедија во врска со панк-музикатаПрапанк Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia