Пано Калајџиев
Пано Заров Калајџиев (25 септември 1915 во Неготино — 8 септември 1944 во Неготино) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.[1] ЖивотописРоден за време на настаните што го означиле почетокот на Првата светска војна, своето детството го поминал аргатски, заедно со својот постар брат Лазо. По смртта на татко им тие се принудени сами да го заработуваат лебот. Во предвечерјето на Втората светска војна, веќе бил идеолошки и политички зрел и се наоѓал во редовите на напредните младинци со антиексплоататорска борбена животна ориентација. Со тоа што бил примен за член на КП во 1941 година, го сфаќа како признавање на неговиот дотогашен скромен придонес во ширењето на напредни идеи, но и како обврска за идниот негов борбен животен пат. Во септември 1941 година го обезбедува состанокот на МК во Неготино на кој присуствува секретарот на ПК на КПЈ за Македонија, Лазар Колишевски. Во историскиот период за овој крај во месец мај 1943 година, тој бил активно вклучен во подготовките за испраќање на првите партизани од Неготино. На крајот на јули 1944 година е во редовите на Втората македонска народно-ослободителна бригада, а при формирањето на 41-та македонска дивизија тој е назначен за политички комесар на четата во IX бригада. Смртта на Пано КалајџиевПо успешните борби во реонот на Гевгелија, Кавадарци и Прилепско, неговата бригада вечерта на 7 септември 1944 година триумфално влегла во Неготино, каде што е пречекана со невидено воодеушевување и гостопримство од храбрите негови неготинчани. Истата ноќ по полноќ, IX бригада извршила силен напад на германските позиции и блиндирани возови на поголем простор во реонот на железничката станица во Неготино. Четата на Пано нападнала од десната страна кон манастирот, а кога четата го поминувала патот, паднале и првите жртви. Одненадеж од насока на Демир Капија, пристигнала германска моторетка и се втурнала во борбениот распоред на бригадата. Моторетката всушност била претходница на поголема моторизирана Германска единица. Пано тоа го забележува, а забележува и дека борбите на другото крило ослабнуваат. Тогаш наредува веднаш повлекување на борците, но Германците веќе се креваат од своите окопи и тргнуваат на патот кон Неготино, каде во еден момент од многуте рафали насочени кон Пановата чета го погодува и Пано. Така згаснал животот на Пано Заров Калајџиев бранејќи ја слободата на својот роден град Неготино на 8 септември 1944 година.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia