Папагалка![]() Папагалка – вид на клешта со променлив отвор на вилиците, поставен под одреден агол во однос на држалките. ОписВообичаено папагалките имаат назабени вилици поставени под агол од 45 до 60 степени во однос на држалките. Долната вилица може да се движи во одреден број позиции со лизгање во делот за таа намена во горната вилица. Предноста на папагалките во однос на стандардната клешта е што истата може да се адаптира на одреден број големини без притоа да се зголеми растојанието меѓу држалките. Оваа клешта често има долги држалки – вообичаено 24 до 30 сантиметри, со што се добива зголемување на ефектот на лост.[1][2][3] УпотребаПапагалките вообичаено се користат за вртење и држење навртки и завртки, држење неправилно обликувани предмети и стискање материјали. ИсторијаОвој дизајн на клешта бил пронајден и популаризиран од Чампион-ДеАрмент тул компани во 1934 година со брендирано име Чанелок [4], а денес ги произведуваат бројни други производители. ГалеријаНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia