Париски кодекс
Париски кодекс (исто така познат како Кодексот Пересиниус и Кодексот Перес) е еден од трите преживеани општо прифатени пред-колумбовски мајански книги кои потекнуваат од посткласичниот период на мезоамериканската хронологија (околу 900-1521).[1] Документот е многу слабо сочуван и претрпел значителна штета на рабовите, што довело до губење на некои делови од текстот. Кодексот во голема мера се однесува на циклусот на тринаесетте циклуси од 20-годишниот катун и вклучува детали на мајанските астрономски знаци. Парискиот кодекс се смета дека е создаден во западен Јукатан, најверојатно на Мајапан. Датиран е околу 1450 година, во доцниот посткалсичен период (1200–1525 година). Во поново време се сугерира дека овој текст потекнува од 1185 година, со што овој документ се вбројува меѓу оние настанати во почетокот на посткласичниот период (900-1200 година). Како и да е, астрономските и календарските информации кои ги содржи кодексот се во контекст на циклусот од класичниот период (од 731 до 987 година), со што се покажува дека можеби овој кодекс е копија на претходен документ. Парискиот кодекс се чува во Националната библиотека на Франција во Париз, каталогизиран како Мексикански документ 386.[2] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia