Паричник![]() Паричник или портфељ (француски: portefeuille) – моден додаток со џебна големина кој се користи за носење на пари, лични документи (лична карта, возачка дозвола, итн.) како и банкарски картички (кредитни картички, готовински картички), членски картички, визит-карти и сл. Во почетокот паричникот бил типично машки моден додаток, но сè повеќе и повеќе бил користен и од жените наместо портмоне, затоа што бил позгодни за носење, а и поелегантен од портмонето. Машкиот паричник вообичаено се носи во задниот десен џеб на панталоните или во џеб од сакото. Во големите градови и во туристичките места, се препорачува да се носи во внатрешен џеб, на гради, како холстер или слично, за да се избегне кражба. МоделиДвата најчести модели на паричници се:
Паричниците и од двата модела дополнително може да располагаат со:
Вообичаено машките паричници се со големина од 10x10 cm или 14x10 cm. Повеќето се црни или кафеави и дозволени се сите тонови. Женските паричници вообичаено се двапати поголеми од машките модели, понекогаш имаат ремче (стил рачна торба) и многу често се во боја. Повеќето паричници се изработени од телешка или биволска кожа или кожи од егзотични животни (алигатор, крокодил, ној, питон, анаконда, гуштер, ајкула, итн.), а некогаш и од разни видови кожи. За широка потрошувачка постои широка палета на паричници од пластика или други синтетички материјали, платнени паричници, алуминиумски или од обична кожа со среден квалитет, вклучувајќи ги и имитациите на егзотични кожи. Денес, цената на обичните паричници е под 50 €, на оние од егзотични кожи цените почнуваат од 200-400 €, а на оние по нарачка цените почнуваат околу 1800 €. Во случај на кражба, загубата на пари е најмалата мака споредено со постапките за да се добијат документите. Кражба на паричник во странство каде личните документи се неопходни за враќање дома може да биде драматично. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia