Паркети (музичка група)
Паркети се рок, панк група од Битола, Република Македонија. Формирана е во 1991 година од Сашо Паркет, Славе Паркет и Себастијан Паркет.[1] Познати се по своите настапи во живо, изгледот и смислата за хумор. ИсторијаПаркети биле оформени една деценија по првиот бран на панк музикта, кога веќе сè било слушнато и видено, од Sex Pistols преку Ramones, па и Шарло акробата и Пекиншка патка на просторите на Југославија. Во Битола, на крајот на осумдесеттите години, постоеле само неколку „андерграунд“ бендови кои правеле своја музика и само едно подрумско диско каде не се слушало турбо фолк.[2] Со падот на Југославија, државата повеќе не ги контролирала медиумите, па започнале да се отвораат нови приватни радија и телевизии, што му отворило место на сè и на секој. На Радио Битола и на некои локални телевизии започнале да се прават топ листи на „демо“ бендови на кои секој можел да гласа за својот омилен. Паркети секогаш имале препознатлив и специфичен звук. Нивните текстови секогаш имаат рима, но, како што сакаат да кажат членовите, текстовите се „апстракни“. Пример за „апстракноста“ во текстовите е песната „Супермен“ - „Нешто лета, црвено е, дали е фен? Не е фен - тоа е Супермен“. Првиот албум го снимиле во 1996 година и е именуван „Грижа на совеста“, а вториот - „Газирана хармонија“ бил снимен во 1998 и на него бендот има различен состав, односно на местото на Сашо Паркет - вокалист е неговиот брат. Сашо се враќа во бендот на почетокот на новиот милениум. МузикаПаркети во своите песни обработуваат најразлични теми, но како што нагласуваат и самите, љубовни песни секогаш биле најискрени:
КонцертиКонцертите на Паркети се секогаш оригинални и многу енергични. На нивните настапи имало сè - од моторни пили и експлицитен материјал, до кршење на картонски гитари.[2][3] До сега имаат учествувано на многу фестивали и имаат одржано неколку концерти меѓу кои најголем до сега е концертот во амфитеатарот во Хераклеја, 2009 година.[4]. Имаат одржано и мал акустичен концерт во Домот на културата во Битола во 2011 година. ЕвровизијаПаркети имаат два пати учествувано на македонскиот избор за песна на Евровизија, но за жал неуспешно. Првиот пат во 2008 се претставиле со песната „Strawberry“, а вториот пат, во 2010, со песната „Ти си киси феномен“ со која го освоија последното место, и после настапот изјавија дека никогаш повеќе нема да учестуваваат на изборот за песна на Евровизија. Дискографија
Изданија на „Паркети“ Архивирано на 28 мај 2016 г. евидентирани од ВБУ Музички Регистар. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia