Партизани (филм)
„Партизани“ — американско - југословенски партизански филм од 1974 година во режија на Столе Јанковиќ. Постои и истоимена ТВ-серија. СодржинаДејството се одвива со почетокот на војната, во 1941 година, кога партизаните Марко и Брка го водат својот одред од битка во битка, напаѓајќи германски транспортери, ослободувајќи заробени Евреи, напаѓајќи и саботирајќи фабрики. Марко (Род Тејлор) се вљубува во Еврејката Ана (Бриони Фарел), во која е вљубен и германскиот капетан Курт Келер (Адам Вест), кој на сите начини се обидува да ја најде неа, и конвојот Евреи кои беа „киднапирани“ од партизаните. Заплетот на филмот кулминира кога четниците го убиваат (Велимир Бата Живојиновиќ), а подоцна, решени да ги уништат партизаните, Германците ги напаѓаат со конвој од тенкови. Ранетите партизани се префрлени од Србија во Босна, а Марко и другите партизани, кои го чуваат нивното повлекување, гинат со херојска смрт во борбата со германската армија.[1] Улоги
МузикаМузиката во филмот („Епопеја на партизаните“) е, всушност, изменета верзија на „Одисеја“ на Лео Мартин. Надворешни врски
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia